Штета. Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ не успеа да дојде до својот прв трофеј во својот нов тим Зенит. Имено вечерва во Арената во Белград, во финалето на ВТБ Супер Купот, составот од Санкт Петербург убедливо беше совладан од ЦСКА Москва со 79:96
Македонецот мина на паркетот 26 минути и успеа да запише седум поени, имаше и пет асистенции. Солидна партија пружи Нено, но сепак Зенит беше убедливо совладан.
Уште од стартот на средбата „Армејците“ покажаа сила, едноставно наметнаа свој стил на игра, постојано ја билдаа разликата и на крајот успеа убедливо да слави.
Ова е трет трофеј во историјата на ЦСКА Москва во ВТБ Супер Купот.