Мика Муринен наводно бил во сериозни преговори со КК Партизан.
“Црно-белите“ сакаат да направат вистински бум на пазарот и да го доведат Мика Муринен (2007, 210 см), млад центар од Финска, кој со своите спектакуларни забивања на Евробаскет 2025 и тоа како се прослави.
Ова го најавуваат медиумите во Грција.
Иако има само 18 години, Муринен веќе привлече огромно внимание од европските и американските скаути. Во дресот на Финска, тој имаше просек од 6,6 поени и 1,9 скока за 11,1 минути игра за време на осум натпревари на континенталното првенство, оставајќи впечаток на играч кој може да стане големо име во европската и светската кошарка.
Моментално настапува за AZ Compass Prep во Аризона, еден од познатите средношколски системи што ги подготвува младите играчи за колеџ и НБА.
Ајде да видиме дали е ова уште една шпекулација, или Партизан навистина ќе добие екстра засилување.