ЛЕ: Лил со триумф против Бран, ФЦСБ славеше во Холандија

13
ФОТО: LOSC Lille/FB

Лил во меч од 1.коло во Лигашката фаза во Лигата на Европа, успеа со 2:1 да го победи составот на Бран, но сепак потешко од очекувањата.

Францускиот тим поведе со 1:0 со голот на Игамане во 54.минута, за да Норвежаните израмнат преку Магнусон само шест минути подоцна.

Сепак победата на донесе ветеранот Оливие Жиру со гол во 80.минута.

На вториот меч, меѓу ГА Иглс и ФЦСБ, славеше гостинскиот тим со 0:1 и тоа со голот на Микулеску во 13.минута.

Колку за потсетување. Шкедија во 2.квалификациско коло во ЛШ со две победи успеа да го елиминира некогашниот европски првак ФЦСБ (Стеауа), но тетовци играат во ЛК а Романците во ЛЕ.

ПретходноЛШ: Фуксе Берлин со триумф кај Киелце, Барса покажа сила во Загреб
СледноГрците најавуваат: Финската сензација го засилува Партизан!