ЛЕ: Ренџерс со пораз на „Ајброкс“, за Миовски 15 минути!

29
ФОТО: Rangers FC/FB

Вечерва со уште седум средби се заокружи 1.коло во новата сезона во Лигата на Европа.

И веднаш да кажеме дека свој настап имаше и Македонецот Бојан Миовски, но нашиот репрезентативец нема по убаво да го памети овој меч. Имено Глазгов Ренџерс е поразен дома од Генк со 0:1, а Миовски имаше само 15 минути на располагање да покажа што знае на теренот на „Ајброкс“ стадионот.

Гостите победничкиот гол го дадоа преку Хеон Гу во 55.минута, и токму тој во финишот на првиот дел не реализираше пенал. Ренџерс од 41.минута играше со играч помалку откако Диоманде доби директен црвен картон.

И рековме веќе, Миовски влезе во игра во 80.минута, но за тоа кусо време не успеа да се најде во шанса.

Во продолжение можете да ги видите сите резултати и стрелци од вечерашните мечеви.

РЕЗУЛТАТИ – 1.КОЛО

АСТОН ВИЛА – БОЛОЊА 1:0

(МекГин 13./)

ФЕРЕНЦВАРОШ – ПЛЗЕН 1:1

(Варга 90+5./Дуросинми 16.)

РЕНЏЕРС – ГЕНК 0:1

(/Хеон Гу 45+7.)

САЛЦБУРГ – ПОРТО 0:1

(Вилиам Гомес 90+4.)

ШТУТГАРТ – СЕЛТА 2:1

(Боунани 51., Ел Канус 68./Иглесиас 86.)

УТРЕХТ – ЛИОН 0:1

(/Тесман 75.)

ЈАНГ БОЈС – ПАНАТИНАИКОС 1:4

(Јанко 25./Свидерски 10., Зароури 14., 19.,68.)

ПретходноБарса тргнува по еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата!
СледноПо шокантниот кикс на голманот Гарсија, Барса со пресврт до убедлива победа кај Овиедо! (ВИДЕО)