Иако се чинеше дека ќе биде полесно, барем според настаните на теренот во првото полувреме, сепак Магдебург како домаќин успеа да слави против Висла со 27:26 и тоа во еден драматичен финиш. Сепак победа си е победа и само таа и секако бодовите се бројат. Ова значи дека европскиот шампион има „три од три “ на стартов во новата сезона во Лигата на Шампионите во која го брани трофејот освоен на последниот Ф4 во Келн.
Германскиот тим по првиот дел имаше водство од 14:10, се чинеше дека тоа ќе биде само рутинска победа, но сепак Висла Плоцк го доби второто полувреме со +3 разлика, но на крајот се покажа како недоволно барем за реми.
За домашните Магнусон постигна 9 голови, додека кај гостите со 8 голови најефикасен беше Косоротов.