ЛШ: Фуксе Берлин со триумф кај Киелце, Барса покажа сила во Загреб

30
ФОТО: Füchse Berlin/FB

Вечерва од терминот од 18:45 часот, се одиграа три меча од 3.коло во ракометната Лига на Шампиони.

Фуксе Берлин успеа да слави на гости кај Киелце со 32:37.

Германскиот состав имаше импресивно прво полувреме, го доби со 15:22, додека во второто домашниот тим колку и да се трудеше домашниот тим не успеа да дојде до пресврт.

Најефикасен беше Гидсел со 13 голови, додека кај поразениот тим Алекс Душебаев стрелаше во гостинската мрежа девет пати.

Барселона среде Загреб едоставно покажа сила, покажа дека во овој момент е пресилна за ракометарите на хрватскиот гигант и го доби овој меч со 26:32. Блескаше Нилсен на голот на Барса кој на крајот беше и прогласен за играч на натпреварот.

Ова беше 26 победа во 28 меѓусебен дуел со Загреб кој и по 3.коло сеуште нема бод во групата Б каде што е Пелистер.

Најнтересно беше не мечот меѓу ПИК Сегед и ПСЖ, меч исто од групата Б, кој на крајот по една драма заврши со резултат 31:29 за домашните.

ПретходноПознати се термините за 8.коло во ПМФЛ: Шкендија – Силекс в недела, Вардар во понеделник кај Башкими!
СледноЛЕ: Лил со триумф против Бран, ФЦСБ славеше во Холандија