Македонија со втор триумф над Косово

91

Македонската репрезентација до 15. години на чело со селекторот Горан Станковски по втор пат во само два дена успеа да слави над соодветната селекција на Косово.

Откако веќе го добивме противникот на гости со минимални 0:1, овојпат домашниот терен, односно комплексот Петар Милошевски во Скопје се покажа како далеку по подобен за нашите млади репрезенаттивци.

Триумфот од 4:1 беше дело на Јанчевски, Аврамовски, и на два пати Алиу.

Со ова дефинитивно оваа генерација покажа дека е на добар пат. Одлично е селектирана низ тренинг, селективните кампови во изминатиот период, а ваквите меѓународни мечеви, само ја „билдаат“ самодовербата на младите фудбалери.

 

ПретходноСалиба ќе биде дел од Арсенал до 2030 година
СледноУЕФА го остави Израел да се натпреварува под нејзина капа