По шокантниот кикс на голманот Гарсија, Барса со пресврт до убедлива победа кај Овиедо! (ВИДЕО)

29
ФОТО: FC Barselona/FC

Иако без Ламине Јамал, Барселона вечерва во меч од 6.коло во Ла Лига, успеа да дојде до својата петта победа и тоа со 1:3. Па така Барса и натаму има -2 бода во однос на лидерот Реал Мадрид кој има максимални шест победи.

Сепак не беше така лесно за четата на стратегот Ханси Флик ако се знае дека домашните поведоа со 1:0 со голот на Реина во 33.минута откако претходеше шокантен кикс на голманот на каталонците Хоан Гарсија па прими гол од околу 40 метри.

И со тие 1:0 се замина на пауза.

А во второто полувреме Барса успеа со три гола да направи пресврт и да покаже кој е шампион. Во листата на стрелците се запишаа Ерик Гарсија во 56.минута, Левандовски во 70.минута и Араухо во 88.минута.

Инаку ова беше јубилејна 50-та победа на Ханси Флик како тренер на Барселона на 66 натпревари колку што Германецот ја водеше каталонската гордост.

ПретходноЛЕ: Ренџерс со пораз на „Ајброкс“, за Миовски 15 минути!