Распродадени влезниците за дуелот против Белгија

140

Македонската фудбалска репрезентација ќе има максимална поддршка од трибините за гостинскиот дуел против Белгија во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.

Билетите кои беа наменети за македонските фанови се распродадени.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија (10.10.) за пласман на СП 2026 се целосно распродадени.

Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи.

Упатуваме голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија.

Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, немаме можност за дополнителна количина на билети“, порачаа од ФФМ. 

ПретходноЅвезда од Бундеслигата пишува бизарни пораки: „Не можеш да пиеш крава“
СледноПред финалето – малку Нено „магија“ (ВИДЕО)