Рио Нгумоа потпиша професионален договор со Ливерпул

24

Тинејџерската сензација на Ливерпул, 17. годишниот Рио Нгмуоа го потпиша својот прв професионален договор со клубот. Тој се обврза на соработка со 2028 година.

Нгмуоа блесна во натпреварот за првенството против Њукасл на 25 август, кога го постигна победничкиот гол за 3:2. Вкупно, тој има четири настапи од почетокот на сезоната.

Тој е дете на Челси, а во Ливерпул пристигна во 2024 година. Тој во моментов сеуште е со статус на У19 репрезентативец на Англија, а има веќе настап и во европските натпреварувања затоа што доби минутажа во ЛШ против Атлетико Мадрид.

 

ПретходноОдбраната на титулата во Првата женска лига за Јанта Волеј КВ започнува во Битола
СледноНа Дон Флорентино му се стемни после денешните вести од Лондон!