Фудбалска Англија е во шок по смртта на 21-годишниот Били Виџер, поранешен младински играч на Арсенал. Неговиот клуб, Чичестер Сити, потврди дека Виџер починал како резултат на сериозни повреди здобиени на натпревар претходно овој месец.
Виџер беше ставен во индуцирана кома по ужасен судир за време на натпреварот на неговиот тим кога се обидел да стигне до топка со лизгачки старт, удирајќи ја главата во бетонски ѕид до теренот. Натпреварот веднаш бил прекинат, а младиот фудбалер бил итно префрлен во болница во Лондон со хеликоптер. Лекарите утврдиле дека тој претрпел „значајно оштетување на мозокот“ и и покрај напорите на медицинскиот тим и операцијата, за жал не можел да биде спасен. Клубот ја објави тажната вест во четврток и објави соопштение од ожалостеното семејство.