Браво: Ливерпул го исплатил целиот договор на семејството на Диого Жота!

174
Фото: Ливерпул

Арне Слот, менаџерот на Ливерпул, потврди дека сопствениците на клубот, „Фенвеј Спортс Груп“ (ФСГ), го исплатиле остатокот од договорот на Диого Жота на неговото семејство.

Да потсетиме дека на почетокот на јули, португалскиот напаѓач трагично загина во сообраќајна несреќа. Жота и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите во Шпанија додека патуваа кон фериботот за Велика Британија.

Португалските медиуми ова лето објавија дека ФСГ ќе го почитува договорот до крај, а Слот сега официјално го потврди ова. Овој чин, кој Слот го опиша како редок во светот на фудбалот, ја нагласува посветеноста на клубот да ги поддржи сопругата и децата на Жота во најтешкиот период од нивните животи.
„Начинот на кој ФСГ се справи со оваа ситуација – плаќајќи им ги сите пари од договорот на неговата сопруга и деца – заслужува секое признание. Луѓето можеби мислат дека тоа е нормално, но во фудбалот тоа не е нормално“, рече Слот.
Тој, исто така, се потсети на големата тага, која сигурно постои во срцата на навивачите.
„Тагата што ја чувствува целиот Ливерпул, тоа е она што го прави овој клуб посебен. Начинот на кој навивачите се однесуваа по трагедијата, сите тие цветни аранжмани и спомен-обележја, секогаш плачам секој пат кога зборувам за тоа“, рече Слот низ солзи.

ПретходноНа Дон Флорентино му се стемни после денешните вести од Лондон!
СледноПознати се термините за 8.коло во ПМФЛ: Шкендија – Силекс в недела, Вардар во понеделник кај Башкими!