Од сабота до понеделник на програмата се сите средби од 8.коло во ПМФЛ. Секако дека најголемо внимание предизвикуваат два меча и тоа дербито во Тетово каде се среќаваат Шкендија и Силекс, како и дуелот во Куманово каде домашниот Башкими го дочекува Вардар.
Првиот меч се игра в недела од 15 часот, а оној во Куманово е закажан за во понеделник исто така од 15 часот.
РАСПОРЕД И САТНИЦА ЗА 8.КОЛО
САБОТА (27.09.2025) 15 Ч
Гостивар: Аресими – Шкупи
Кавадарци: Тиквеш – Македонија ЃП
НЕДЕЛА (28.09.2025) 15 Ч
Скопје: Работнички – Брера
Тетово: Шкендија – Силекс
ПОНЕДЕЛНИК (29.09.2025) 15 Ч
Струга: Струга ТЛ – Пелистер
Куманово: Башкими – Вардар
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 19, Вардар 19, Шкендија 17, Силекс 15, Башкими 13, Македонија ЃП 9, Брера 8, Пелистер 6, Аресими 5, Тиквеш 5, Работнички 4, Шкупи 0.