Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ вечерва (20 часот) ќе има шанса да го освои првиот трофеј со Зенит. Во финалето на ВТБ Супер-Купот неговиот тим за противник ќе го има составот на ЦСКА.
Нено беше еден од најзаслужните за неверојатниот пресврт во полуфиналето против Дубаи, беше на две асистенции до дабл-дабл учинок, постигна 23 поени и 8 асистенции, додаде и 4 скока.
Димитријевиќ одлично ги разигруваше своите соиграчи, а една од осумте асистенции се најде во центарот на вниманието.