Сопствениците на Ливерпул се блиску до купување на клуб од Ла Лига. Според извештаите, FSG (Fenway Sports Group) е блиску до преземање на Хетафе.
Сопствениците на Ливерпул исто така имаат намера да ги следат стапките на некои од нивните конкуренти.
Во 2024 година, ФСГ размислуваше да го купи Тулуз, но зделката пропадна. Во изминатиов период требаше да истражат неколку клубови, вклучувајќи ја и Малага, која се наоѓа во втората лига на Шпанија, но изборот падна на Хетафе, кој се наоѓа во Мадрид.