Официјално: Финската сензација потпиша тригодишен договор со Партизан! (ФОТО)

101
ФОТО: KK Partizan/FB

Она што вчера беше најавувано како сензација, можност, шпекулација, од денеска е и официјално. КК Партизан, односно првиот човек на клубот, Остоја Мијаиловиќ потврди дека Мика Муринен, финската сензација и веројатно најдобриот млад кошаркар во Европа е “црно – бел“.

Муринен потпиша тригодишен договор со “црно – белите“.

Да, Муринен потпиша на три години. Ова е голема вест за нас. Им честитам на сите навивачи на Партизан. Морам да кажам дека се беше готово за 15 минути“ истакна Мијаиловиќ.

Да кажеме и тоа дека на своите социјални мрежи Партизан веќе го претстави Муринен.

ПретходноСамо во Турција…. Тедеско е „бивши“ во Фенер по само три недели!?
СледноСудии за ПМФЛ: Дербито под Шара за Трпчевски