Скопје – домаќин на претсезонскиот семинар за кошаркарски судии, делегати и контролори 2025/2026

32

Судиската комисија на Македонската кошаркарската федерација со гордост го најавува традиционалниот претсезонски семинар за кошаркарски службени лица, кој ќе се одржи на 27. и 28. септември во Скопје.

Семинарот претставува клучна подготовка за сите судии, делегати и контролори пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Првиот ден, сабота, започнува со физички тестови за судиите во СРЦ „Кале“, по што следува работен дел во Конгресната сала на хотел „Актор“.

Контролорите и делегатите ќе имаат посебни сесии за анализа на минатата сезона и насоки за идната, пред официјалното отворање на семинарот.

Во текот на двата дена, учесниците ќе имаат можност да слушнат предавања од врвни домашни и меѓународни експерти, меѓу кои:

•Синиша Херцег (Контролор во ФИБА Европа)

•Петар Денковски (Контролор во КФСМ и ФИБА Европа)

*Александар Милојевиќ (комесар во КФСМ, и контролор во АБА лига)

•Александар Давидов (АБА и КФСМ судија)

•Алија Феревски (Претседател на СККФСМ и ФИБА судија)

•Блашко Клинчаров (Член на СККФСМ и контролор во КФСМ)

Темите ќе опфатат современи принципи на судење, анализа на одбранбени ситуации, етика и кодекс на однесување, новитети во контролниот образец, како и теоретски тестирања.

Целта на семинарот е унапредување на професионалноста, конзистентноста и интегритетот на сите службени лица во македонската кошарка. Ова е момент за заедничка едукација, размена на искуства и поставување на стандарди кои ќе ја дефинираат сезоната 2025/2026.

Претходно„Бед Блу Бојс“ не доаѓаат во Бачка Топола
СледноСамо во Турција…. Тедеско е „бивши“ во Фенер по само три недели!?