„Финското чудо од дете“ не се враќа во Аризона, Партизан е на потег

143
фото: Sergio Rabinal (X)

Веста дека белградски Партизан е заинтересиран за младиот фински кошаркар Мика Муринен очигледно има основа, откако инсајдерот Џонатан Џивони и официјално потврди дека „финското чудо од дете“ нема да се врати во Аризона затоа што ќе ја искористи опцијата да игра една професионална сезона, да го прескокне НЦАА и да се упати кон НБА.

Тоа сега значи дека Партизан има реални шанси да го добие во своите редови за следната сезона.

Мика Муринен ги покрива крилните позиции и одигра одличен турнир за финската репрезентација на последниот Евробаскет 2025, особено на дуелот против Србија кога едни од главните фаворити на првенството беа сензационално елиминирани.

Во тој момент, Муринен сè уште беше средношколец во Аризона, од каде што требаше да се пресели во НЦАА и да игра за некои од најголемите универзитети како Аризона, Кентаки, Канзас, Северна Каролина, Дјук…

ПретходноФИФА ги претстави маскотите за СП во 2026 година
СледноПознати двојките за највредниот тениски турнир: Синер оди на Ѓоковиќ, Алкараз чека на Фриц или Зверев