Арсими со јасна цел, победа против Шкупи

53

Во рамките на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига, Арсими ќе го пречека составот на Шкупи. Натпреварот има големо значење за домашниот тим, Арсими сака да се врати на победничките патеки по незгодниот пораз од Брера во Струмица  додека Шкупи е во серија на лоши резултати и бара излез од кризата. Дуелот во Гостивар е одлична можност за домашната екипа да освои значајни бодови во трката за подобра позиција на табелата.

Еден од носителите на играта на Арсими, Башким Велија, е полн со оптимизам и решителност пред оваа средба.

“Нормално е што сме разочарани што не ја совладавме Брера, затоа што не реализиравме многу шанси. Но, фудбалот е таков ,мора да гледаме напред. Сега не очекува противник како Шкупи, знаеме дека тие се во криза, но ние ќе излеземе на терен само за победа. Сакаме да фатиме победнички ритам и да ги покажеме нашите вредности”, изјави Велија.

Фудбалерот на Арсими потенцираше дека атмосферата во екипата е позитивна и дека сите играчи се подготвени да дадат максимум.

“Имаме добра енергија во екипата и сите сме фокусирани на истата цел. Со поддршка од публиката верувам дека можеме да дојдеме до посакуваниот резултат”, додаде Велија.

Арсими сезонава покажа борбеност, но честопати резултатите не го отсликуваа вложениот труд. Затоа дуелот со Шкупи се гледа како вистинска прилика тимот да ја врати самодовербата и да им подари радост на навивачите. Средбата ќе се одигра в сабота на  градскиот Стадион во Гостивар со почеток од 15:00 часот.

ПретходноПех за ПСЖ, без Маркињос против Барселона во ЛШ
СледноМакедонија У18 со гостување кај Словачка