Баерн убедлив со Вердер: Хари Кејн со јубилеј – 100 голови во дресот на “баварците“!(ФОТО)

31
ФОТО: FC Bayern Munich/FB

Во меч од 5.коло во новата сезона во Бундеслигата, вечерва на „Алијанц Арената“ во Минхен, и петта победа на Баерн. “Баварците“ со 4:0 славеа против Вердер, но поважно е она што го направи Хари Кејн.

Англичанецот вечерва го одигра својот 104 меч за Баерн и постигна два гола, што значи дека дојде до јубилејот – 100 голови во дресот на клубот од Минхен.

Хари Кејн стрелаше во мрежата на 45.минута од пенал и во 65.минута, првиот гол беше дело на Луис Диас, последниот го постигна Лајмер во 85.минута.

Ова значи дека Хари Кејн го урна рекордот кој што заеднички го држеа Кристијано Ронало и Ерлинг Халанд а тоа е дека и на двајцата им требаше 105 мечеви за Реал Мадрид и Манчестер Сити да дојдат до 100 голови, а на Кејн му беа потребни еден помалку, 104.

Претходно“Буџетот на КК Партизан сега е 27 милиони евра, и да сакам не можам да го продолжам договорот со Обрадовиќ!“
СледноДоријан Бабунски со гол за Ниреѓихаза во ремито кај Ујпешт!