Братот на Шефки Кучи осуден на осум години затвор за продажба на кокаин

259

Пензионираниот фински фудбалер со потекло од Косово, Алберт Кучи е осуден на осум годишна казна затвор поради продажба на кокаин. Јавноста во Финска на големо пишува за тоа како некогашниот играч на неколку тамошни клубови, во текот на 2024 година организирал, дистрибуирал, и произведувал кокаин, за што имал свои скриени складишта како и организирана мрежа на луѓе.

Е сегам ова и не би било толкава вест, особено не за остатокот од светот, ако Кучи всушност не е брат на далеку попознатиот Шефки Кучи кој што е еден од најдобрите фудбалери на Финска во историјата. Голгетерот играше долго време во Англија, и во други земји, а настапуваше и скоро деценија за репрезентацијата на Финска.

 

ПретходноМакедонија У18 со гостување кај Словачка
СледноЏовани Леони ги скина лигаментите