Доцна попладнево претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ објави дека Мика Муринен, финската кошаркарска сензација е нов член на “црно – белите“. Информација со која буквално направи “земјотрес“ во кошаркарка Европа ако се знае дека Муринен е најдобриот млад играч во Европа.
Покрај за Муринен, Мијаиловиќ говореше и на други теми:
“Морам да кажам дека сега буџетот на КК Партизан е поголем од лани и дека изнесува 27 милиони евра, што е рекорд во историјата на клубот. Да кажам и тоа дека и да имавме 30.000 претплатни билети, ќе беа продадени, за жал Арената го нема тој капацитет. Амбициите се јасни, имаме добар тим, покрај Муринен ќе донесеме најмалку уште две имиња, па така би сакале во новата сезона да ја одбраниме титулата во АБА лигата а во Евролигата да се најдеме меѓу шесте најдобри. Што се однесува до Жељко Обрадовиќ, што да кажам. Тој е мој голем пријател, најдобар тренер во историјата ама јас и да сакам не можам да му го продолжам договорот. Проста е причината, него му истекува договорот ама мене ми истекува мандатот како претседател на КК Партизан. Ќе видиме што ќе донесе иднината“ изјави покрај другото Мијаиловиќ.