Во рамките на 8.коло во елитната лига во Унгарија, вечерва нашиот повремен репрезентативец Доријан Баунски не само што одигра одличен меч за својот тим Ниреѓихаза на гостувањето кај Ујпешт, туку беше стрелец и на еден гол. Тоа беше негов прв гол за Ниреѓихаза откако дојде во летниот преоден рок.
Се играше 12 минута, кога Бабунски погоди за 0:1.
На крајот резултатот гласеше 2:2. Поважно е тоа што Доријан почна да “тресе“ и во шампионатот на Унгарија.
Македонецот беше на теренот до 86.минута кога беше заменет.