Дури за 321 поени или гласови Усман Дембеле бил подобар во изборот на “Златната топка“ за 2025 година. Во понеделникот во театарот „Шателе“ во Париз, Дембеле дојде до “Златната топка“, се знаеше и поредокот, Јамал втор, Витиња трет, Рафиња петти, но дури денеска беа објабени резултатите или гласовите.
Секако дека ова е шокирачки за Ламине Јамал и неговите фанови, посебно ако се знае дека дури 73 новинари кои гласаа од 100, го ставиле напаѓачот на ПСЖ на прво место.
Инаку ова се гласовите и пласманот во битката за „Златната топка“:
ТАБЕЛА ЗА ТОП-10
Дембеле: 1.380
Јамал: 1.059
Витиња: 703
Салах: 657
Рафиња: 620
Хакими: 484
Мбапе: 378
Палмер: 211
Донарума: 172
Мендеш: 171