Одбојкарите од четвртиот шешир ќе ги чекаат ривалите за Евроволеј 2026

26

Машката сениорска репрезентација на Македонија е дел од 24 учесници на 34. издание на Европското првенство, кое од 9 до 27 септември 2026 година ќе се игра во Италија, Финска, Бугарија и Романија. Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) испрати детални информации за ждрепката за групите за ЕвроВолеј 2026, која на 4 октомври ќе се одржи во Бари, Италија.

Организаторите – Италија, Бугарија, Финска и Романија обезбедија директен пласман на ЕП 2026. Полска, Словенија, Франција, Холандија, Србија, Украина, Германија и Португалија се селекциите кои според пласманот на претходното ЕП 2023 имаа обезбеден билет за престојниот континентален собир. Селекциите на Данска, Белгија, Чешка, Естонија, Швајцарија, Грција и Словачка како првопласирани во групите во квалификациите се најдоа на ЕвроВолеј 2026, додека Македонија заедно со Летонија, Турција, Израел и Шведска како најдобропласирано второгангирани репрезентации во турнирските квалификации се најдоа на ЕП 2026.

Ждрепката во Бари ќе биде полудиригирана, односно четирите земји – домаќини ќе бидат сместени во по една од четирите групи, како нивни носители. Италија е носител во групата А, а натпреварите ќе ги игра во четири италијански градови Наполи, Модена, Торино и Милано. Бугарија ќе биде носител на групата Б во Варна, Финска во Тампере ќе ги пречека противниците во групата Ц, додека Романија во групата Д натпреварите ќе ги игра во Клуж.

Непосредно пред почетокот на ждрепката во Бари, секој од домаќините ќе има за право да си избере по еден противник во групната фаза.

Откако и тој процес ќе биде завршен, ќе се формираат четири шешири со по четири екипи според ЦЕВ ранкингот на земјите кој е „заклучен“ на 18 август, односно по комплетирањето на квалификацискиот циклус за ЕП 2026. Според пропозициите актуелниот европски првак Полска и финалистот на последното ЕП Италија, не смеат да се најдат во игра група и во таков случај извлечениот тим ќе биде сместен на следната слободна група.

Доколку не биде избрана од некој од домаќините на Евроволеј 2026, Македонија ждрепката ќе ја чека во четвртиот шешир каде најверојатно, според ЦЕВ ранкингот друштво би и правеле Летонија, Шведска и Данска.

ПретходноМакедонија со двајца претставници на ЕП за пингпонгари до 13 години
СледноГаздите на Ливерпул ќе го купат и Хетафе?