Пех за ПСЖ, без Маркињос против Барселона во ЛШ

19

Ако не беше доволно за тимот на ПСЖ што во моментов се повредени Усман Дембеле, како и Жоао Невес и Дезире Дуе, на таа листа сега се приклучува и капитенот Маркињос.

Тој нема да биде во можност да настапи во следните две до три недели, што значи дека дефинитивно ќе биде надвор од теренот, како за мечот против Оксер викендов, пата и за дуелот од ЛШ против Барселона следната недела.

ПСЖ има 12 бода по пет одиграни кола и е на второто место на табелата во француското првенство. Во Лигата на шампионите, освојувачот на трофејот од минатата сезона ја победи Аталанта со 4:0 во првото коло. 

ПретходноКол Палмер во „аут“ три недели
СледноАрсими со јасна цел, победа против Шкупи