Познати двојките за највредниот тениски турнир: Синер оди на Ѓоковиќ, Алкараз чека на Фриц или Зверев

66
фото: FA | Ticket (X)

Денеска и официјално станаа познати двојките за првата рунда од натпреварите на еден од највредните тениски егзибициски турнири – „Сикс Кингс Слем“ кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.

Во четвртфиналето, Јаник Синер ќе се соочи со Стефанос Циципас, а Александар Зверев ќе игра против Тејлор Фриц. Победникот од првиот меч во рамките на првото полувинале ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ, додека победникот од вториот ќе се соочи со Карлос Алкараз.

Турнирот на кој настапуваат шесте најдобри тенисери на денешницата ќе се одржи од 15 до 18 октомври.

Претходно„Финското чудо од дете“ не се враќа во Аризона, Партизан е на потег
СледноТрамп: Подготвен сум да одложувам и преместувам натпревари од СП 2026 година од безбедносни причини