„Бомба“ од Лондон. Како што пренесуваат медиумите на Островот, конзорциум од 12 инвеститори имаат намера да го купат Тотенхем. Тие веќе доставиле понуда од рекордни 4,5 милијарди фунти, сума со која ако дојде до продажба, ќе биде рекордна ако се знае дека досега најскапа беше продажбата на Челзи која чинеше 4,25 милијарди фунти, кога Тод Боли го презеде Челзи од рускиот тајкун Роман Абрамович.
Понудата за Тотенхем била иницирана од Бруклин Ерик, поранешен диџеј кој сега работел во НАСА.
Дека работата и тоа како е сериозна, посебно ако се знае дека според “Форбс“ пазарната цена на клубот од Лондон била “само“ 2,6 милијарди фунти.
Иако со години семејството Луис истакнува дека клубот не е на продажба, сепак се чини дека ова е понуда која не се одбива.