Џирона, некогашен тим на нашиот Бојан Миовски и некогашен хит во Ла Лига и натаму не знае што е победа на својот стадион. И вечерва тимот кој минатата сезона играше и во Лигата на Шампионите, одигра 0:0 против Еспањол. Колку за потсетување, Џирона нема победа на свој терен во Ла Лига од 5 мај кога славеше против Мајорка.
Сепак не може да се каже дека беше здодевно на “Монтоливи“ вечерва во мечот од 7.коло во Ла Лига. Имаше шанси и на двете страни, но стрелците во целост затаија, па така и домашните и гостите мораа да се задоволат само со по бод.
Џирона и по ова коло има само 3 бода и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата, додека Еспањол дојде до 12 бод, па така се наоѓа на 4.место.