Тимот на Макаби Тел Авив, израелскиот претставник во Лигата на Европа сезонава, својот следен дуел како домаќин ќе го одигра интересно во Бачка Топола, Србија. Прекрасниот стадион таму е одлично место тоа да се направи, а интересно е што ќе биде пречекан ни помалку ни повеќе туку тимот на Динамо Загреб.
Е сега, според сите сигурносни правила и прописи на УЕФА, одлучено е за овој меч да не им бидат понудени билети на навивачите на Динамо Загреб, Популарните Бед Блу Бојс.
Причина за ова секако е стравот од сериозни инциденти, со евентуалните домашни, српски навивачи, (не секако на Макаби), а тоа нормално е примено со огромно незадоволство во Загреб.
Мечот е закажан за 2 октомври.