Еден од најдобрите фудбалери во изминатата деценија, Серхио Бускетс, по крајот на тековната сезона ќе се повлече од активното играње фудбал.
Сега веќе 37. годишниот играч за врска извесен период е дел од тимот на Интер Мајами, каде што е заедно со Меси, Луис Суарез, и каде што ги игра што се вели своите зрели фудбалки години.
Сепак, на се му доаѓа крајот, па и на кариерата на Бускетс, кој што е еден од најтрфејните фудбалери на сите времиња. Со Барселона, и Шпанија освои се што можеше да се освои. Од Примера титули, преку пехари во Лигата на Шампионите, па се до Европски и Мундијалски титули со Шпанија.
View this post on Instagram