Една од легендите на Барселона до крајот на годинава заминува во пензија

44

Серхи Бускетс потврди дека ќе се пензионира од активниот фудбал на крајот од сезоната.

Договорот на 37-годишниот поранешен дефанзивен играч од средниот ред на Барселона и екипата на Интер Мајами е до 31 декември 2025 година. Тоа значи дека Бускетс ќе ја заврши кариерата во ноември или декември.

„Ви благодарам од дното на моето срце на сите и на фудбалот за сè. Секогаш ќе бидете дел од оваа прекрасна приказна“, напиша Бускетс.

Со шпанската репрезентација, Бускетс ги освои Евро 2012 и Светското првенство 2010. Со Барселона трипати ја освои Лигата на шампионите и деветпати Ла Лига. Во 2023 година го освои Купот со Интер Мајами.

ПретходноНазарио Роналдо го брани Нејмар: “Бразил нема друг играч како него!“
СледноФИФА ги претстави маскотите за СП во 2026 година