Кол Палмер во „аут“ три недели

19

Еден од најдобрите играчи на Челзи, Кол Палмер ќе биде надвор од терените околу три недели, соопштија од клубот.

Тој има повреда, за која што е потребно мирување, а од клубот не сакаат истата да се влоши, па го ставаат на листата на која што реално никој не сака да биде.

Официјално, Палмер, ќе ги пропушти мечевите против Брајтон и Ливерпул во Премиер лигата и против Бенфика во Лигата на шампионите, а потоа следува репрезентативната пауза во октомври.

Одлучивме малку да го заштитиме Кол за да не се влоши повредата. Решивме да му дадеме 2-3 недели одмор до репрезентативната пауза за да може да се опорави 100 проценти и да биде подготвен по паузата. Не мислам дека ќе му треба операција“, рече менаџерот на Челзи, Енцо Мареска.

ПретходноЏабе играа 79 минути: Блекбурн и Ипсвич ќе мора да почнат од почеток
СледноПех за ПСЖ, без Маркињос против Барселона во ЛШ