Македонија У18 со гостување кај Словачка

109

Македонската репрезентација до 18. години на чело со селекторот Димитар Капинковски од 30.09. до 02.10, ќе гостува кај соодветната селекција на Словачка каде што се закажани две пријателски средби.

Иако ова не е УЕФА термин, сепак, нашата селекција се одлучи за овие два тест меча за дополнително да се воиграме и да се обави уште една проверка на играчите кои што се повикани.

Имаше неколку откажувања, пред се од оние од странство затоа што не е стандарден термин за настап за националнтие селекции, а составот кој што Капинковски го води во Словачка базиран е претежно на домашните играчи.

Македонија:

Мартин Ѓоргиев, Габриел Талески, Иван Танчев, Александар Трајков, Матеј Сејменов, Андреј Димовски, Бојан Велков (Брера)

Иво Марковски, Стефан Станатовски (Вардар)

Дарко Јовчев (Македонија ЃП)

Фљори Иљази (Шкендија)
Стефан Секирски (Беласица)

Албан Рочи (Струга ТЛ)

Флорен Османи (Арсими)

Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија)

Славчо Мисајловски (Тетекс)
Дамјан Буцевски (ИМТ, Србија)

Ридван Мемедовски (Скопје)

Христијан Марковски (Работнички)

ПретходноАрсими со јасна цел, победа против Шкупи
СледноБратот на Шефки Кучи осуден на осум години затвор за продажба на кокаин