Денеска и официјално станаа познати двојките за првата рунда од натпреварите на еден од највредните тениски егзибициски турнири – „Сикс Кингс Слем“ кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.
Во четвртфиналето, Јаник Синер ќе се соочи со Стефанос Циципас, а Александар Зверев ќе игра против Тејлор Фриц. Победникот од првиот меч во рамките на првото полувинале ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ, додека победникот од вториот ќе се соочи со Карлос Алкараз.
Турнирот на кој настапуваат шесте најдобри тенисери на денешницата ќе се одржи од 15 до 18 октомври.