Проблеми за Флик: Барса ќе мора без Рафиња и Гарсија против ПСЖ!

42
ФОТО: FC Barselona/FB

Иако победија синоќа на гостувањето кај Овиедо, сепак по мечот сите во Барселона а посебно тренерот Ханси Флик добија загрижувачки информации.

А тие се дека Рафиња и голманот Хоан Гарсија се повредени и дека одредено време ќе ги нема во составот на Барса. Ова значи дека каталонската гордост ќе мора без овие двајца клучни играчи да го игра супер – дербито во ЛШ против ПСЖ закажано за в среда.

Според лекарскиот тим на Барселона, се очекува Рафиња да биде во аут најмногу три недели, додека голманот Гарсија ќе мора на операција и ќе отсуствува од 4 до 6 недели.

Секако дека ова е голем удар за Ханси Флик.

ПретходноМЗТ Скопје со порака: Нов дрес, нов партнер – исти шампионски амбиции!(ФОТО)
СледноМика Муринен: Еве каков спектакуларен кошаркар потпиша за Партизан! (ВИДЕО)