Шампионот се “загреваше“ во првото полувреме, ама во второто ја “распарчи“ Струга

57
ФОТО: RK Pelister/FB

Вечерва во Битола во првиот меч од 4.коло во нашата ракометна Суперлига, РК Пелистер со 45:24 успеа да дојде до убедлива победа против составот на Струга.

Ова беше и трета победа на битолчани, со која барем до утре, избија на чело на табелата со 7 бодови.

Во почетната фаза од средбата гостите не се предадоа така лесно иако против себе имаа апсолутен фаворит за победа. На крајот по првото полувреме резултатот беше 20:16, очигледно беше дека домашните се „загреваа“.

Сепак во второто поплувреме Пелистер заигра далеку подобро и пред се посриозно и успеа да дојде до убедлива победа од + 21 разлика.

Ова за Струга беше четврти пораз во исто толку натпревар сезонава.

Кај победничкиот состав Хакбарт и Петар Атанасијевиќ постигнаа по осум голови, додека Павле Атанасијевиќ и Калаџиоски по седум.

ПретходноШкендија ги пушти во продажба новите дресови со кои ќе игра и во Лигата на Конференции! (ФОТО)
СледноМЗТ Скопје со порака: Нов дрес, нов партнер – исти шампионски амбиции!(ФОТО)