Џирона и Еспањол одиграа без голови!

45
ФОТО: Girona FC/FB

Џирона, некогашен тим на нашиот Бојан Миовски и некогашен хит во Ла Лига и натаму не знае што е победа на својот стадион. И вечерва тимот кој минатата сезона играше и во Лигата на Шампионите, одигра 0:0 против Еспањол. Колку за потсетување, Џирона нема победа на свој терен во Ла Лига од 5 мај кога славеше против Мајорка.

Сепак не може да се каже дека беше здодевно на “Монтоливи“ вечерва во мечот од 7.коло во Ла Лига. Имаше шанси и на двете страни, но стрелците во целост затаија, па така и домашните и гостите мораа да се задоволат само со по бод.

Џирона и по ова коло има само 3 бода и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата, додека Еспањол дојде до 12 бод, па така се наоѓа на 4.место.

ПретходноДоријан Бабунски со гол за Ниреѓихаза во ремито кај Ујпешт!
СледноОткако Лејкерси одбија да му го продолжат договорот: Леброн во сезоната 2026/27 во дресот на Далас?!