Откако Греем Потер си замина од местото менаџер на тимот на Вест Хем, управата на клубот поита да најде решение како негова замена.
Предмалку пристигна информацијата дека Нуњо Еспирито Санто, искусниот португалски стратег е назначен за нов кормилар на „Чеканите“, со што се решава уште една дилема во Премиер лигата сезонава.
Еспирито Санто има исклучително големо искуство во Премиер лигата, затоа што претходно веќе ги водеше екипите на Вучверхемптон, Тотенхем и Нотингем Форест.