„Ова беше колективна катастрофа, Чаби да ги казни 10 пати да го гледаат мечот“

484

Лавина критики се наредија низ шпанските медиуми блиски до Реал (М) по денешните 5:2 на гостувањето кај Атлетико (М). „Кралевите“ го доживеаја првиот пораз, но на начин кој никој не го очекуваше. Момците на Чаби Алонсо беа непрепознатливи на теренот, а тоа на свој начин го прокоментира и главниот уредник на шпанскиот весник „Ас“.

„Ова беше колективна катастрофа. Мора јасно да се каже, исто како што го фалевме Реал на почетокот на сезоната. Стартните единаесет се распаднаа, оставајќи го Мастантуоно надвор и доведувајќи го Белингам, кој очигледно не беше способен ни да започне. Имаше очигледни индивидуални грешки. Реал воопшто не се бранеше. Тие беа катастрофа во одбраната, без повлекување, без помош, без игра… Не играа како што треба да се игра дерби. Не играа со гордост за својот дрес. Беа оставени на милост и немилост. Maшината на Чаби е разнесена на парчиња. Тимот не реагираше. Ова е пораз без гордост. Ова е дерби што вреди да се погледне. Утре, би ги казнил сите со гледање на натпреварот 10 пати“, вели Томас Ронсеро.

ПретходноАлкалоид лесно до планираните бодови, ГРК Охрид едвај го победи вториот тим на Пелистер
СледноАталанта освои бод на гостувањето кај Јуве (ВИДЕО)