Тиквеш со домашен триумф против Македонија ЃП

93

Екипата на Тиквеш оствари нова победа во овогодинешниот ПМФЛ шампионат, благодарение на денешниот домашен триумф на екипата на Македонија ЃП со конечни 2:1. Стрелци за домашниот состав на овој дуел беа Садик на стартот во деветтата минута, како и 68. на Ивановски, додека пак за гостите погоди Ѓорѓи Стоилов од пенал.

Овој меч имаше интересен и возбудлив тек, не така типичен за наши фудбалски услови. Уште во деветтата минута, искусниот Садик успеа да реализира по добро организираната акција. Следуваше ситуацвијата на сротивната страна во која Рамадани за малку не си постигнеше автогол, интервенирајќи во петерецот и погодувајќи ја гредата од голот на Стевковски. Веднаш на спротивната страна на асистенција на Миловановиќ, Стојанов погоди дирек за Тиквеш.

Во второто полувреме Абдула „отвори“ што се однесува до шансите. Од непосредна близина со глава шутира директно во Стевковски. Илиески на спротивната страна со глава шутира преку голот на Јанков,  за да истиот играч во сопствениот шеснаесетник прави кардинална грешка. Али со асистенција за Талаков, овој да нафрли го погоди Илиески во рака. Пеналот чист како солза го реализираше Стоилов.

Сепак, домаќинот денеска подобар барем пред противничкиот гол. Стојковски проби по лево, шутираше прецизно но Јанков одби. Само до Ивановски кој осамен само пласираше во празната мрежа.

Во обидот да израмни Македонија ЃП вреден за споменување е обидот на резервистот Глишиќ кој можеше и да асистира но реши да шутира, но беше изблокиран навреме.

 

 

ПретходноРеми на Гетафе и Леванте
СледноВМФЛ: Немили сцени на дербито во Гевгелија, прекин па на крајот без победник, Брегалница со нова победа