Арсими премиерно се радуваше пред своите гледачи

80

Екипата на Арсими конечно ја запиша првата победа пред својата публика, совладувајќи го Шкупи во едно спектакуларно дерби полно со темпо, возбуда и многу шанси на двете страни.

Веќе во 2. минута, Сухел Мухареми асистираше кон Риберио кој ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен по преглед на ВАР поради офсајд. Во 15. минута Шкупи возврати преку Риков, но голманот Силјановски одбрани сигурно. Само неколку секунди подоцна, Рамадан Рамадани со силен удар го отвори резултатот за 1-0, погодок потврден и од ВАР. Во 22. минута Рамадани повторно се закани од дистанца, но Мелиќи маестрално одбрани.

Две минути подоцна Игњатов ја погоди стативата, а веднаш потоа и Шефити беше запрен од гостинскиот голман. Шкупи успеа да се врати во 35. минута кога Риберио со одличен прием и прецизен удар израмни на 1-1. Сепак, пред самиот крај на првото полувреме, Арѓенд Гафури прекрасно асистираше, а Шефит Шефити со еврогол донесе нова предност – 2-1. И второто полувреме започна во ист ритам, со отворена игра и шанси на двете страни. Голманот Мелиќи неколку пати ја спаси мрежата на Шкупи по ударите на Шефити и Асани.

Но, во 74. минута дојде казната – Ричков асистираше, а Ардит Дестани ја затресе мрежата за 2-2. Арсими не се предаде и во 84. минута повторно ја врати предноста. По центаршутот од Асани, Игњатов со глава реализираше за 3-2. Само три минути подоцна Шефити беше фаулиран во шеснаесетникот, а од белата точка самиот реализираше за свој втор гол и конечна победа од 4-2.

ПретходноВМФЛ: Немили сцени на дербито во Гевгелија, прекин па на крајот без победник, Брегалница со нова победа
СледноДортмунд и Лајпциг ја завршија задачата