Атлетико (М) ја доби битката за Мадрид, Алварез го урна Реал (ВИДЕО)

46
фото: Atletico Madrid (X)

Остварувајќи ја третата сезонаска победа, Атлетико (М) славеше на големото градско дерби против лутиот ривал Реал (М) со 5:2 и покажа дека тимот на Симеоне допрва се буди во новата сезона. Во извонредна средба со 7 постигнати гола и двата тима на „Метрополитено“ денеска повеќе размислуваа како да постигнат гол, отолку да се одбранат.

Во првиот дел видовме одличен фудбал и дури 4 гола. Домашните поведоа рамо уште во 14. минута, кога Ле Норманд го совлада Куртоа за 1:0. Реал се созема и за 10-тина минути направи комплетен пресврт. Во 25. минута Мбапе стрелаше за 1:1, за во 36. минута Арда ги доведе гостите до 1:2.

Атлетико не се предаде и со голот на Сорлот во судиското надополнување обезбеди 2:2 на паузата.

Во вториот дел домашните беа и помотивирани и подобри на теренот. Во 50. минута Алварез од пенал донесе ново водство за „јорганциите“ од 3:2, по што следуваше уште еден негов го во 64. минута за 4:2, а конечните 5:2 ги постави Антоан Гризман во судиското проолжение на мечот.

Реал го претрпе првиот сезонски пораз под водство на Чаби Алонсо и и даде шанса на Барселона со победа над Реал Сосиедад да го преземе лидерството во Ла Лига.

ПретходноКристал Палас го „шокираше“ Ливерпул, Брајтон триумфално кај Челзи
СледноИталија и Бугарија ќе играат за златото на СП во одбојка