Вардар 1961 во Кавадарци се загреваше за дербито со Пелистер

76

Екипата на Вардар и после четвртото коло остана со перфектен скор, четири победи во толку одиграни меча. Новиот триумф „црвено-црните“ го запишаа на гостувањето кај ГРК Тиквеш каде славеа со убедливи 25-20.

Следен предизвик за Вардар 1961 е вечното дерби против Пелистер на домашен терен, дуелот е закажан за први октомври.

Изедначена игра имаше во првите 15 минути по што гостите со серија од 5-0 поведоа со 5-9 и до крајот не го испуштија водството.

Хориха со осум погодоци го предводеше својот тим, кај поразениот тим Мохамед, Стојановски и Коцев имаа по четири гола.

Претходно Бутел Скопје славеше кај Куманово со 24-27, додека пак Прилеп го победи Пролет со 35-33.

Претходно„Петарда“ после 75 години: Атлетико првпат од 1950 година му даде 5 гола на Реал
СледноРајковиќ тргна триумфално: Тофаш ја отвори сезоната со победа над Фенербахче!