Вилсон: Муринен е „топ-погодок“ на Партизан, неговата страст и енергија се заразни

41
фото: fiba.basketball

Поранешниот кошаркар на белградски Партизан, Џамар Вилсон, смета дека „црно-белите“ направија вистински потег со доведувањето на младиот Финец, Муринен.

„Тој може да му помогне на Партизан на многу начини. Неговата страст и енергија се заразни, а играњето во таква атмосфера само ќе го исвлече уште повеќе. За играч кој веќе се натпреварува со срце, во моментов нема подобро место. Тој не се плаши од важни моменти и нема да се повлече пред никого. Бестрашен е и желен да се докаже и да се бори. Мислам дека е доволно созреан. Доаѓа од силна средина на луѓе на кои им е грижа за него. Само дозволете му да биде свој и ќе уживате“, порачал Вилсон.

Муринен е вистинската „бомба“ во Евролигата пред стартот на новата сезона.

ПретходноМилан Ристовски постигна гол за Бохемианс на дербито со Костадинов (ВИДЕО)
СледноКожуф демантира: Немаше никаков напад или удар врз играч на Скопје (ВИДЕО)