Денеска се играат седум мечеви од 6.коло во ВМФЛ. Најинтересно се очекува да биде во Гевгелија, каде во дербито на колото се среќаваат Кожуф и Скопје, две екипи кои одлично стартуваа во новата сезона во второлигашкото друштво и се наоѓаат на третата и петтата позиција на табелата.
Лидерот, тимот на Брегалница не би требало да има проблеми на свој терен против Преспа. Се очекува уште една добра партија и убедлива победа на “сините“.
Интересно ќе биде и во Прилеп каде се игра дербито на дното меѓу Победа и Г.Коњари, екипи кои заедно досега освоија само еден бод и важат за две убедливо најслаби екипи во ВМФЛ оваа сезона, барем според она што го покажаа во изминатите пет кола.
Утре се игра последниот меч од ова коло, во Јегуновце се среќаваат Тетекс и Беласица.
ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА 15 Ч
Новаци – Саса
Шкендија (А) – Слога (В)
Осогово – Детонит
Победа – Г. Коњари
Кожуф – Скопје
Вардар (Н) – Охрид
Брегалница – Преспа
НЕДЕЛА – 15 Ч
Тетекс – Беласица
ТАБЕЛА
Брегалница 13, Беласица 13, Кожуф 11, Шкендија (А) 11, Скопје 10, Новаци 9, Охрид 8, Детонит 7, Осогово 7, Тетекс 6, Вардар (Н) 6, Саса 5, Слога (В) 3, Преспа 3, Победа 1, Г. Коњари 0