Некогашниот младински репрезентативец на Данска и фудбалер на Брондби и Нордсјеланд, Патрик Да Силва е обвинет за голем број сексуални прекршоци, вклучително и злоупотреба на деца. Во обвинението се наведени неколку сериозни обвиненија против поранешниот дански младински репрепрезентативец.
Како што објавија данските весници, 30-годишниот Да Силва е обвинет по три точки кои вклучуваат неколку сериозни прекршувања на кривичниот законик. Обвиненијата вклучуваат силување, споделување порнографски материјал со малолетници, обид за сексуален однос со дете под 15 години, додворување и непристоен напад.
Наводните напади вклучуваат напад над 12-годишно и 15-годишно девојче. Тој е обвинет и за обид за сексуално вознемирување на најмалку 12 девојчиња на возраст од 9 до 14 години.