Италија и Бугарија ќе играат за златото на СП во одбојка

33
фото: Volleytrails (X)

Италија и Бугарија ќе играат во големото финале на светското одвојкарско првенство во машка конкренција. Италијанската репрезентација ја победи Полска во полуфиналето неочекувано брзо и убедливо – во три сета со 3:0 (25:20, 25:21, 25:23).

Натпреварот, кој ветуваше да биде одбојкарски класик достоен за полуфиналето на Светското првенство, траеше само 85 минути. Италијанците закажаа финале против Бугарија, кое ќе се одигра во недела во 12:30 часот по средноевропско време, додека тимот предводен од тренерот Никола Грбиќ ќе игра против Чешка во 8:30 часот за бронзениот медал.

„Аѕурите“ ќе ја бранат титулата освоена во 2022 година во Полска и Словенија, кога ја победија Полска во финалето.

Претходно, репрезентацијата на Бугарија ја победи Чешка во полуфиналето со 3:1 (25:20, 23:25, 25:21, 25:22). Ова е прво финале за Бугарија на светските првенства по она на домашен терен во 1970 година, кога Бугарите беа „сребрени“.

ПретходноАтлетико (М) ја доби битката за Мадрид, Алварез го урна Реал (ВИДЕО)
СледноАморим бара изговори: Треба да ја играме нашата игра, а не играта на противниците