Кожуф демантира: Немаше никаков напад или удар врз играч на Скопје (ВИДЕО)

143
фото: Screenshot

По денешните информации за инцидент на мечот Кожуф – Скопје од 6. Коло на ВМФЛ, со демант се јавија од гевгелискиот второлигаш.

„Почитувана јавност, по повод вестите објавени на интернет, во врска со изолиран настан кој се случи покрај теренот, го изјавуваме следното: Факт е дека навивачите реагираа бурно во еден момент од натпреварот по револт на судска одлука, тврдиме дека немаше никаков напад или удар врз играч на Скопје. На снимката јасно се гледа дека станува збор за симулација, односно играчот со број 10 на ФК Скопје е потегнат од соиграч за истиот да падне. По прекинот на натпреварот, истиот продолжи нормално со жар и заврши во фер и спортска атмосфера. На крајот играчите и сите присутни актери си подадоа рака, како што и доликува“, се вели во реакцијата на Кожуф, а доставија и видео од спорниот момент.

ПретходноВилсон: Муринен е „топ-погодок“ на Партизан, неговата страст и енергија се заразни
СледноМартин Томовски не запира, со десет одбрани го остави Битигхајм при врвот!