Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски успеа да го постигне својот прв сезонски гол во шампионатот на Чешка во денешното „македонско дерби“ против екипата на Сигма Оломуц на нашиот Тихомир Костадинов. Ристовски го постигна водечкиот гол за домашните во 3. минута (1:0), но до крајот гопстите успеаја да извадат реми играјќи нерешено 2:2.
Ристовски беше на теренот до 81. минута, а Костадинов кој почна од клупата, доби шанса да ги одигра последните 10-тина минути за гостите.
Začátek jak se patří 🔝 pic.twitter.com/AktB6OBGY3
— Chance Liga (@chanceliga) September 27, 2025